24фудбал

Покетино: Со храбра игра до победа над Јувентус

Стратегот од клупата на тимот од Лондон најаува храбра игра на неговите избраници вечерва.

Лига на Шампиони

Италијанскиот првак, а воедно и европски вицепрвак Јувентус има страшна серија од 11 победи во низа во сите конкуренции, но тоа не е воопшто застражувачки за Тотенхем, чиј тренер Маурицио Покетино најавува победа на вечерашната пресметка во првиот дуел помеѓу обете екипи во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Јувентус има големо искуство но ние ќе се обидеме да бидеме на истото ниво како и тие, со енергија и желба за натпреварување“ рече Покетино во пресрет на вечерашната пресметка во Торино.

Ние ќе бидеме храбри на теренот, ќе се обидеме да победиме. Мораме да играме слободно на теренот, и со чисти идеи, ова ќе биде натпревар во кој мораме да уживаме“ додаде тој.