24фудбал

Интер ќе го казни Брозовиќ за неговата реакција кон фановите? (ВИДЕО)

Хрватот имаше лоша „комуникација“ со фановите на Интер.

Италија

Интер се помачи за да дојде до триумф од 2-1 над Болоња во Милано, а имаше и двајца фудбалери повеќе на теренот.

Лошо издание за домаќините имаше Марсело Брозовиќ кој во 58. минута (при 1-1) беше заменет со Рафиња, а Хрватот доби свирежи од гледалиштето при замената, исто како и при грешките кои ги правеше во текот на мечот.

Брозовиќ возврати со саркастичен аплауз кон фановите на Интер, а според информациите кои ги пренесува „Газета дело Спорт“, клубот наводно ќе го казни овој потег на Хрватот.