24фудбал

Барселона 1 Нејмар 0

Недоразбирањата помеѓу Барселона и Нејмар добија ново поглавје, медиумите од Шпанија пишуваат дека ФИФА застанала на страната на „Каталонците“, светската куќа на фудбалот го одбила барањето на Бразилецот

Шпанија

Разделбата помеѓу Барса и Нејмар не беше пријателска, двете страни се во војна околу бонусите за лојалност кои клубот од Камп Ноу не му ги исплати на играчот.

Нејмар прв повлече потег и се пожали до ФИФА, Бразилецот бараше светската куќа на фудбалот да ја принуди Барса да му исплати 40 милиони евра.

Медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека ФИФА ги известила Нејмар, неговите агенти и Барселона за одлуката.

Светската куќа на фудбалот застанала на страната на Барса и го одбила барањето на Нејмар. Напаѓачот сега терба да одлучи дали целиот случај ќе го изнесе пред Судот за спортска арбитража.

„Каталонците“ можеби ја добија првата битка, но војната продолжува пред судот во Барселона, каде Нејмар има поднесено тужба и си ги бара бонусите плус камата, а Барса има поднесено тужба и бара 75 милиони евра оштета бидејќи играчот прекршил низа одредби од договорот.