24фудбал

Мејсон со 26 години му кажа збогум на фудбалот, причина е хорор повредата на главата (ФОТО)

Рајан Мејсон е принуден да замине во пензија, фудбалерот на Хал Сити не сака да ризикува со својот живот и со 26 години му кажа збогум на фудбалот

Англија

Пред околу 13 месеци, Рајан Мејсон преживеа хорор откако на средбата помеѓу Челси и Хал при еден воздушен дуел и судар со Гери Кејхил заработи фрактура на черепот.

Десетина минути добиваше третман на теренот на Стемфорд Бриџ, а потоа веднаш беше пренесен во Сент Мeрис болницата во Лондон каде итно му беше ивршена операција.

Тој напорно работеше за да се врати на терените, но на совет од докторите Англичанецот е принуден да оди во пензија на 26 години.

„Можам да потврдам дека по консултација со специјилст принуден сум да се повлечам од фудбалот. Неуморно работев со цел да се вратам на терените, но за жал немам друга опција освен пензија поради ризикот која го носи повредата која ја заработив“ - се вели во соопштението на Рајан Мејсон.

„Вечно ќе им бидам благодарен на сите луѓе кои беа околу мене и ми помогнаа да се опоравам од повредата која можеше да му го загрози животот“.