24фудбал

Алвеш: Секој ден умираат илијадници деца, но не добиваат внимание како Астори

Бразилскиот фудбалер на ПСЖ, Дани Алвеш има поинаква изјава за Давиде Астори за разлика од остатокот од фудбалскиот свет.

Италија

Додека сите се шокирани од смртта на капитенот на Фиорентина, а оние кои го познаваат имаат само убави зборови за Астори, Дани Алвеш излезе со сосема поинаква изјава.

„Ние не сме многу потресени бидејќи не го познаваме добро. Тажни сме, но не како неговото семејство. Жал ми е за нив“, вели Алвеш.

„Давиде направи се што можеше да се направи во овој хаотичен свет и сега е на подобро место. Но како и да е, во светот секојдневно умираат илијадници деца, но не го добиваат ова внимание, а тие исто така се важни. Сите ние кога тогаш ќе умреме, бидејќи тоа е нормално“.