24фудбал

Преубав гест на Фиорентина: Договорената плата со Астори ќе биде исплаќана на неговото семејство

Калчолигашот покажа голем гест кон потесното семејство на починатиот фудбалер.

Италија

Фудбалскиот свет се уште тагува по смртта на капитенот на италијанскиот калчолигаш Фиорентина, Давиде Астори, дури и отворена е истрага против непознат сторител поради сомневање за убиство од небрежност на фудбалерот, па се очекуваат попрецизни детали за неговата смрт.

Сепак, една вест ги обедини сите, а тоа е дека Фиорентина донесе одлука да го испочитува непотпишаниот нов договор со Астори, кој беше пронајден мртов во својата хотелска соба во пресрет на мечот со Удинезе.

Алвеш: Секој ден умираат илијадници деца, но не добиваат внимание како Астори

Во текот на денешниот ден, Астори требаше да потпише доживотен договор со Фиорентина и до крајот на својата кариера да остане во клубот, дури и по неа, за да биде дел од раководството на клубот.

Фиорентина донесе одлука да ја исплаќа договорената сума со фудбалерот претходно, на неговото потесно семејство до крајот на животот, поточно на неговата сопруга со која има и дете.