24фудбал

Дракслер: За ова ли потрошивме 400 милиони евра, да чекаме да ни падне гол од небо?

Јулијан Дракслер ја нападна тактиката на Унаи Емери по елиминацијата од Лигата на шампионите, Германецот смета дека ПСЖ морал да превземе поголем ризик уште од стартот на мечот

Лига на Шампиони

„Светците“ со големи амбиции влегоа во Лигата на шампионите откако пред почетокот на сезоната потрошија 400 милиони евра за ангажман на Нејмар и Килијан Мбапе.

Но тие доживеаја елиминација уште во првата нок-аут рунда. Реал Мадрид вчера со нова победа и вкупни 5-2 го исфрли ПСЖ од најелитното европско натпреваруање.

По крајот на натпреварот, Јулијан Дракслер упати силни критики на адреса на Унаи Емири и имаше замерки за пристапот на „Светците“ во првото полувреме.

„Реал Мадрид играше смирено и без нервоза. Ние само ја подававме топката напред-назад, но така не можете да победите. Кога губите со 1-3, морате да го притиснете Реал и да извршите притисок врз противникот од самиот старт - вели Германецот

„Не може само да ја додавате топката и да чекате голот да падне од небо. Заслужено сме елиминирани. Изминатово лето потрошивме 400 милиони евра и тоа требаше да донесе пормени, но еве повторно не успеавме да поминеме осминафинале.