24фудбал

Шкендија го среди и Работнички

Шкендија со 2-0 победи на гостувањето кај Работнички, Ренова со 1-0 го совлада Пелистер во денешните натпревари од Првата македонска лига.

Македонија

Шкендија немаше проблеми во дуелот против Работнички на арената „Филип Втори“, славеше лесна победа со 2-0 и направи уште еден чекор поблиску кон титулата.

Резултатот беше отворен пред самиот крај на првото полувреме кога Емини погоди за водство на Шкендија од 1-0.

По шест минути игра во вториот дел Душко Трајчевски направи прекршок за пенал, доби црвен картон. Сигурен од белата точка беше Бесарт Ибраими за триумф од 2-0.

Во вториот денешен натпревар Ренова со голот на Нафиу во второто полувреме го победи Пелистер со 1-0.

Утре се играат преостанатите три меча, Скопје - Вардар, Победа - Академија Пандев и Силекс - Шкупи.

Фото: ФК Шкендија