24фудбал

Зошто Рамос го снема на пет минути против Еибар? Се покакал во гаќи!

Серхио Рамос го напушти теренот во 73. минута, истрчаа право во соблекувална и се врати во игра пет минути подоцна а Зинедин Зидан искрено откри што се случувало со капитенот на Реал Мадрид

Шпанија

„Кралевите“ на момент останаа со 10 играчи откако дефанзивецот мистериозно го напушти теренот во моменти кога Зинедин Зидан веќе имаше извршено три замени.

Серхио Рамос по краток разговор со судијата се упати во соблекувалната во 73. минута од мечот на Ипуруа, и никој не знаеше што се случува и која е причината за ова.

Шпанецот се врати во игра во 78. минута, а по крајот на мечот, Зинедин Зидан искрено откри што се случувало со капитенот на Реал Мадрид.

„Малку се покака во гаѓи!“ - рече Зизу. „Мораше да оди во тоалет па замина во соблекувална и потоа се врати во игра“.