24фудбал

Пепе Реина потпишува за Милан

Според италијанските медиуми голманот на Наполи, Пепе Реина уште денеска би можел да стави потпис на договор со Милан.

Италија

Според „Скај Спортс Италија“, Пепе Реина денеска ќе ги помине медицинските тестови во Милан по што ќе стави потпис на договор со клубот.

Договорот на шпанскиот голман со Наполи истекува по крајот на оваа сезона па тој е влезен во период кога може да потпише со друг клуб како слободен агент.

Тој ќе потпише со Милан, па ќе ја заврши сезоната со Наполи по што ќе се пресели на Сан Сиро.

Се уште е нејасно дали доаѓањето на Реина во Милан ќе значи заминување на Донарума или Шпанецот ќе биде резервен голман.