24фудбал

Кутињо вели дека вратата за Нејмар да се врати е отворена, Барса го демантира

Бразилецот изнесе свој став, а можеби и став на повеќемина од соблекувалната, но клубот има поинаков.

Шпанија

Филипе Кутињо даде мошне интересна изјава, велејќи дека вратата за Нејмар да се врати во Барселона е отворена, барем тоа ќе го стореле неговите соиграчи, но очигледно клубот има поинакви ставови во однос на оваа тема.

Тој е одличен фудбалер, играм со него во репрезентацијата на Бразил и тоа е огромна привилегија за еден фудбалер, би било одлично доколку тој се врати назад, секако, ние би му ја отвориле вратата за тоа да се оствари“ рече Кутињо.

Ние не ни размислуваме за опцијата Нејмар да се врати, Бразилецот беше фудбалер кој го напушти клубот и му посакавме среќа откако си замина, од тогаш па наваму ништо се нема променето, не сакаме да навлегуваме во хипотетичка дебата околу тоа што кажал некој за фудбалер кој не е повеќе во нашиот тим“ издвои Хосеп Вивес, претставникот на Барселона за односи со јавноста.