24фудбал

Пропушта меч против ПСВ за да спаси нечиј живот

Ленарт Тај е фудбалерот на холандскиот прволиваш Венло за кого во моментов зборува целиот фудбалски свет, а причината за тоа е доста респектабилна.

Останато

Ретко кој фудбалер од помалите клубови во Холандија пропушта шанса да игра против великан како ПСВ во тамошниот шампионат, но Ленарт тоа го прави за да спаси нечиј живот.

Тој добил порака во која дознал дека неговата ДНК се совпаѓа со гените на еден пациент на кого сериозно му е загрозен животот, па така Германецот е повикан за да спаси еден живот, а тој го прифатил тоа.

Ленарт нема да тренира една седмица со тимот на Венло, а ќе го пропушти и дуелот против ПСВ.

Ќе издвоиме и дека германскиот интернационалец пред седум години како член на Вердер бил дел од акцијата на давање ДНК на чување во база, а сето тоа поради евентуална потреба, луѓе болни од леукемија да можат да ја побараат нивната помош, до што дојде.

Ленарт со седум погодоци од 27 натпревари сезонава одигра голема улога во тимот на Венло во битката за опстанок во елитното друштво на Холандија, што се уште не е дефинирана, но очигледно ќе биде успешна мисија сезонава.