24фудбал

„Шанса која ви се укажува еднаш во животот“ – еве како и кога Сити може да стане нов шампион на Англија

Избраниците на Пеп Гвардиола ги делат само две победи и имаат можност на уникатен начин да станат шампиони на Англија односно со триумф над лутиот градски ривал Манчестер јунајтед

Англија

„Граѓаните“ сигурно чекорат кон третата титула во Премиерлигата, откако вчера славеа лесно на гостувањето кај Стоук. Манчестер Сити има предност од +16 на врвот на табелата а до крајот на сезоната во игра се уште 24 бода.

Поради тоа што најголемиот дел од натпреварите од 31. коло се одложени, а потоа следува и паузата за репрезентативни настапи, наместо три, избраницте на Пеп Гвардиола до насловот шампион на Англија ги делат две победи.

Доколку Манчестер Сити освои три бода на Гудисон Парк против Евертон на 31. март, ќе можат да ја завршат работата на дербито со лутиот градски ривал Манчестер јунајтед на Етихад на 7. април.

„Мислам дека сите во сината половина на Манчестер знаат дека ова е шанса која ви се укажува еднаш во живтот – вели капитенот Винсен Компани. „Меѓутоа не се залетуваме и одиме полека, имаме уште еден тежок натпревар пред оној со Јунајтед, па потоа ќе му ја мислиле.

За разлика од Белгианецот, Пеп Гвардиола беше малку посмирен во изјавата: „Вие сте петтиот новинар кој ми го посатавува истото ова прашање. Најважно е тоа што на 12. март имаме 81 бод и тоа е навистина многу“.

„Сакаме да бидеме шампиони, сè е во наши раце. Можеби ќе успееме да стигнеме до титулата во два натпревари. Ги разбирам фановите, но најважно е да сме шампиони. Кога и каде, тоа не е важно.