24фудбал

Доаѓањето на Реина во Милан донесе нов судир помеѓу Донарума и клубот

Не престануваат шпекулациите поврзани со надежниот чувар на мрежата од голот на Милан.

Италија

Милан го договори Пепе Реина без никакво обештетување за трансфер во следниот, летен преоден рок, но тоа донесе и потрес во клубот, поточно во односите помеѓу Донарума и Милан.

Реина ги мина прегледите, судир помеѓу Милан и Донарума“ пишува „Тутоспорт“, додека пак „Кориере дело Спорт“ пишува дека Милан ќе ја прекине соработката со својот надежен голман по ангажманот на Реина, а тој ќе се пресели во ПСЖ.

Како за потсетување,  Донарума во периодот на најголемите шпекулации поврзани со неговата иднина стави потпис на нов договор со Милан со важност до 2021. година, но, по сесе чини дека на повидок е нова сапуница во оваа приказна.