24фудбал

Еве ја маката на Рамос на Ипуруа: Спринтот во соблекувална и шегите на клупата (ВИДЕО)

На шпанските медиуми очигледно не им бега ништо, камерите на Мувистар ја уловија маката на Серхио Рамос на Ипуруа, капитенот на Реал на сред натпревар мораше да замине во тоалет

Шпанија

„Кралевите“ пет минути играа со играч помалку против Еибар откако Серхио Рамос мистериозно го напушти теренот во 73. минута. По крајот на мечот, Зинедин Зидан ја разјасни целата ситуација и откри дека дефанзивецот се покакал во гаѓи и морал да замине во тоалет.

На шпанските медиуми очигледно не им бега ништо, па камерите на Мувистар ја уловија маката на капитенот на „Кралевите“.

Серхио Рамос најпрво го извести главниот судија за проблемите и потоа со трчање замина во соблекувална. По него веднаш се упати и едно лице од лекарскиот тим на Реал, кој потоа им пренесе на останатите за што се работи, по што почнаа шегите на клупата.