24фудбал

Бен Једер го истрола Пол Погба (ФОТО)

Офанзивецот на Севиља кој сам го елиминираше Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.

Останато

Франција се подготвува за двете контролни средби кон крајот на овој месец, најнапред против Колумбија, а потоа и против Русија, домаќинот на Мундијалот претстојното лето.

Сосема очекувано повикан е и офанзивецот на Севиља, Бен Једер, кој одигра феноменална партија на Олд Трафорд, елиминирајќи го речиси сам Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Бен Једер повторно имаше средба со неговиот репрезентативен колега, но овој пат вон фудбалските терени, па не пропушти прилика да го истрола фудбалерот на англискиот премиерлигаш.

„Нема лутиш“ напиша тој на социјалните мрежи објавувајќи фотографија со него.