24фудбал

Верати смета дека Меси добива поинаков третман од судиите во однос на другите фудбалери за речиси исти постапки

Италијанецот вели дека за разлика од другите фудбалери, првата ѕвезда на Барселона е недопирлив.

Лига на Шампиони

Италијанецот од редовите на ПСЖ, Марко Верати вели дека ѕвездата на Барселона, Лионел  Меси има поинаков третман од страна на судиите и не добива казна за своето однесување кон нив, за разлика од другите фудбалери.

Јас заработив црвен картон против Реал Мадрид, тоа беше исклучување поради фрустрација и понекогаш судиите би можеле да бидат малку потолерантни“ смета Верати а потоа направи споредба со првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси.

Тоа беше лоша реакција, но никого навредив, ниту пак нападнав, а за разлика од Меси кој го покажува прстот кон лицето на судиите и не добива ниту жолт картон“ додаде Италијанецот кој на големо се споменуваше како засилување на Барселона, нешто, што не се случи.

Оваа изјава на Верати доаѓа по фактот што заработи црвен картон против Реал Мадрид, во реванш пресметката каде ПСЖ на домашен терен загуби со 1-2, откако на гости беше поразен со 1-3.

Лионел Меси е споменат најверојатно поради расправијата која ја имаше со словенечкиот арбитар Дамир Скомина на реваншот против Челси, каде Каталонците славеа убедливо со 3-0 и обезбедија место во четвртфиналето од Лигата на шампионите.