24фудбал

Елмас сака да си замине од Фенербахче? (ФОТО)

Денес повеќе медиуми во Турција се подзанимаваа со нашиот 18 годишен фудбалер на Фенербахче, Елиф Елмас, а еден од истите медиуми пренесе и бомбастична вест.

Македонија

Веќе три натпревари по ред како во младинскиот состав за фудбалери до 21 година, така и во сениорскиот состав на тимот од Истанбул го нема Елмас, а сево ова доаѓа по тоа што нашиот репрезентативец го стори на мечот против Бешикташ во младинска конкуренција каде имаше крвнички старт врз еден противник.

Дали станува збор за притисок врз фудбалерот од тамошната јавност по тоа што го направи, или пак станува збор за нешто друго засега нема поопширни детали, но „АСПОР“ отиде до таму што дури во својот наслов напиша „Елиф Елмас сака да си замине“.

Еве ги и останатите вести поврзани со нашиот фудбалер каде главното прашање е причината за неговото „исчезнување“ изминатиот период.