24фудбал

Храбар потег, Тухел го одбил Баерн за да биде тренер на Арсенал!

Медиумите од Германија пренесуваат дека Томас Тухел им кажал НЕ на „Баварците“ бидејќи веќе се договорил со друг клуб, шпекулациите велат дека стратегот ќе го наследи Арсен Венгер во Арсенал

Германија

Според реномираниот Билд и уште неколку весници од Германија, Баерн Минхен со месеци бил во контакт со младиот стратег и Томас Тухел бил нивниот избор за наследник на Јуп Хајнкес по крајот на сезоната.

Оваа недела лидерите на клубот доставиле сериозен конкретен предлог до Томас Тухел но добиле негативен одговор со образложение дека тој веќе се договорил со клуб од странство.

Карл Хајнц Румениге, Ули Хенес и Хасан Салихамиџиќ преку телефонска конференција до последен момент се обидувале да го предомислат и да го убедат стратегот да се пресели на Алианц Арена, но безуспешно.

Томас Тухел наскоро ќе го соопшти името на својот нов клуб, но веќе се шпекулира дека тој се договорил со Арсенал да го наследи Арсен Венгер на кормилото на Емирати.