24фудбал

Кој сака да се обложи со Румениге?

Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајц Румениге упати јасна порака за иднината на Роберт Левандовски, вели дека напаѓачот останува на Алианц Арена

Германија

Полјакот неодамна ја прекина 10 годишната соработка со својот агент и кариерата му ја довери на Пини Захави, па многумина ова го протолкуваа како сигнал дека Роберт Левандовски летоска ќе направи трансфер.

Потоа се појавија гласини дека бизнисменот од Израел за кратко време си подал рака со Реал Мадрид и Сантијаго Бернабеу беше посочен како следна дестинација на напаѓачот. Извештаите тогаш велеа дека Пини Захави по само два состанока со Хосе Анхел Санчез, десната рака на Флорентино Перез, пронашле јазик за платата на голгетерот.

Но два состанока сигурно нема да го убедат Баерн да прифати продажба, Карл Хајнц Румениге порачува дека Роберт Левандовски останува во Минхен, тој е толку убеден што е подготвен да се обложи

„Познато е дека од време на време на време сакам да се обложувам, и сега со задоволство ќе се обложам со било кој дека Роберт 100% ќе игра во Баерн Минхен следната сезона – вели првиот човек на „Баварците“.

„Роберт е од огромна важност за нашиот тим и веројатно најдобриот напаѓач во Европа.

Румениге потоа ја спореди ситуацијата на Роберт Левандовски со онаа на Франк Рибери. Челси во 2008 понуди преку 80 милиони евра за Французинот, но Баерн не сакаше да слушне за продажба.

„Во 2008, добивме прилично луда понуда за тогашни услови за услугите на Франк Рiбери. Од тој момент, целиот фудбалски свет знае дека не може да купи играч на Баерн доколку Баерн  не сака да го продаде.