24фудбал

Батшуаи се пошегува за Болт: Се надевам нема да ми го земе местото во тимот

Белгискиот напаѓач ги пренесе своите импресии од Болт, а притоа се пошегува на прашањето дали стравува од тоа дека би му го земал местото во тимот.

Германија

Мичу Батшуаи е со својата селекција Белгија и се подготвува за утрешната контролна средба со Саудиска Арабија.

За време на репрезентативните обврски, напаѓачот на Борусија Дортмунд го прокоментираше изданието на познатиот атлетичар Јусеин Болт на тренинзите на германскиот бундеслигаш, а притоа и се пошегува на таа тема.

Ги гледав видеата, направи еден мајсторски потег протнувајќи ја топката низ нозете на противникот, постигна убав гол, тој е шампион, ги надминува лимитите секој ден. Сака да ги победи сите рекорди, се обидува да се адаптира во еден друг спорт, тоа е класа, среќен сум за него, но се надевам дека нема да дојде и да ми го земе местото“ рече Батшуаи.