24фудбал

Склупторот се поправи, направи многу подоба биста на Роналдо (ФОТО)

Емануел Сантош, склупторот кој ја направи бистата на Кристијано Роналдо која служеше само за исмевање, сега направи нова, многу подобра верзија.

Фото

Во интервју за „Бличер Репорт“ Сантош вели дека многу тешко ги поднел критиките од целиот свет и тој и неговата фамилија. Но сега со новата слика се е поинаку.

„Првата биста на Роналдо доколку не ја направев таква каква што ја направив ќе беше заборавена многу одамна. Па понекогаш е неопходно да направите нешто храбро, невообичаено кое ќе има имакт. Бидејќи иако има луѓе кои те задеваат и имаат негативни коментари, има многу луѓе кои ја ценат“, изјави склупторот Сантош.