24фудбал

Баерн Минхен ќе го откупи договорот на Хамес Родригез

Колумбиецот максимално ја искористи укажаната прилика во тимот од Минхен.

Германија

Хамес Родригез бележи одлични настапи за минхенски Баерн, а според пишувањата на „Марка“, се вели дека германскиот првак сака да го комплетира неговиот трансфер со тоа што комплетно ќе му го откупи договорот со Реал Мадрид.

Како за потсетување, Баварците за позајмицата издвоија 13 милиони евра, а сега ќе издвојат и дополнителни 42 милиони евра за да се исполнат условите со кои Колумбиецот целосно би преминал во нивни раце.

Со пет погодоц на 18 натпревари во дресот на Баерн Минхен, 26 годишниот колумбиски офанзивец стави јасно дознаење дека заслужува место во почетниот состав на гигантот од Германија.