24фудбал

Ибрахимовиќ го откри единствениот проблем кој го имал со Мурињо во Манчестер јунајтед

Швеѓанецот упати пофалби до Португалецот, го издвои и единствениот проблем кој го имал со него.

Останато

Златан Ибрахимовиќ мина 18 месеци во редовите на Манчестер јунајтед под кормилото на португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Шведскиот напаѓач исто така играше под кормилото на Мурињо и во Интер, а имаше доста близок однос со него, но имал и еден проблем во Манчестер јунајтед, всушност еден, кој веќе го откри.

Ми се допаѓа начинот на кој Мурињо работи, тој е Специјалниот, сака да победува, ме направи да се чувствувам комфорно, ми даде премногу одговорност во себе“ рече Ибрахимовиќ.

Тој ми рече дека единствениот проблем кој го имал со мене е тој во моментите кога требаше да ме одмори“ додаде Швеѓанецот кој се пресели во тимот на Лос Анџелес Галакси, во САД.