24фудбал

Клоп: Поради неколку идиоти тоа можеби никогаш нема да се повтори...

Германскиот фудбалски стратег видно вознемирен по настаните пред мечот со Манчестер Сити.

Англија

Ливерпул го разби лидерот во Премиерлигата, Манчестер  Сити, совладувајќи го со убедливи 3-0 пред своја публика во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Сепак, тоа што се случи пред средбата, кога со разни предмети беше нападнат клупскиот автобус на Манчестер Сити се чини во голем дел уништи една прекрасна атмосфера низ улиците на Ливерпул, нешто, што го налути дури и тренерот на истоимената екипа, Јирген Клоп.

Морам лично уште еднаш да се извинам за тоа што се случи пред мечот, премногу чудно, според мене, одите со автобусот низ толпа поддржувачи и тоа е фантастично, таа поддршка, таа страст.. Потоа, доаѓате на стадионот и слушате дека автобусот на Сити е нападнат и врз него биле фрлани разни предмети. На луѓето ќе им дадете прилика да направат нешто добро, но поради неколку идиотитоа можеби никогаш нема да се повтори“ рече тој.