24фудбал

„Ако толку не му чинам зошто ми ги понуди Погба и Мики пред два месеци?!“ – Гвардиола му одговори на Ројала

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола реши да одговори на новите напади од страна на Мино Рајола, и запраша зошто му биле понудени Пол Погба и Хенрих Мхитарјан во зимскиот преоден рок

Англија

Контроверзниот агент никогаш не криел дека не е фан на Пеп Гвардиола, и минатиот месец преку медиумите од Англија „удри“ по Шпанецот. Мино Рајола го нарече Пеп Гвардиола кукавица и куче.

Менаџерот на Манчестер Сити сега реши да одговори и запраша зошто пред неколку месеци му биле понудени Пол Погба и Хенрих Мхитарјан.

„Луѓето конечно ја открија мојата тајна, открија колку лоша личност сум“ – порача иронично стратегот. “Никогаш не сум разгоравал со него, па не знам од каде му се овие заклучоци, можеби Ибрахимовиќ му кажал.

„И ако веќе толку многу не му чинам, зошто пред два месеци ми ги понуди Погба и Мхитарјан? Зошто сакаше Мики и Погба да играат со нас. Негова задача е да ги заштити своите клиенти, и знае дека не треба да ги донесе кај човек како мене, кој е куче.

„Исто така, споредбата со куче е лоша. Треба да има повеќе почит кон кучињата.

Останува да се види дали има вистина во ваквите зборови или пак ова е само провокација пред дуелот помеѓу Манчестер Сити и Манчестер јунајтед во кој „Граѓаните“ со победа над лутиот градски ривал можат да стигнат до титулата во Премиерлигата.

Пол Погба навистина имаше проблеми со Жозе Мурињо во јануари, и од тогаш па наваму постојано се пишува дека неговата иднина на Олд Трафорд е под знак прашалник, но тешко може да се замисли негов трансфер на Етихад.