24фудбал

Еве колку треба да плати Роналдо за да куртули од затвор

Медиумите од Шпанија пишуваат дека даночните власти и адвокатите на Кристијано Роналдо се обидуваат вонсудски да го решат спорт, ЦР7 би можел да плати и до 30 милиони евра за да куртули затвор

Шпанија

Португалецот е обвинет дека уредно не ги пријавил приходите од имиџ правата и затаил данок од 14,7 милиони евра. Во моментов се води процес пред судот во Мадрид, но даночните власи и адвокатите на играчот се обидуваат вонсудски да го решат спорт.

Според Ел Мундо, еден предлог е Кристијано Роналдо да признае вина за годините 2011, 2012 и 2013, а за возврат да биде повлечено криминалното обвиниение за 2014.

ЦР7 за овие три години ќе треба да плати 6,25 милиони евра, како и парична глоба во висина од околу 60% или се вкупно 10 милиони евра, а ќе добие и минимална затворска казна, која според шпанскиот закон нема да треба да ја одлежи (за казни помали од 24 месеци во Шпанија не се оди во затвор доколку се работи за прв престап)

Сепак, тоа што даночните власти ќе се откажат од криминалното обвинение за 2014. не значи дека се откажуваат и од парите. За оваа година сумата е 8,5 милиони евра, која со глоби може да се искачи дури и до 20 милиони евра, но ова е најлошото можно сценарио.

Кристијано Роналдо би можел да ја одбие понудата на даночните власти и пред судот да ја докажува невиноста. Но доколку биде прогласен за виновен, големи се шансите да заврши зад решетки и да плати глоба и до 100 милиони евра (казната достигнува и до шест пати од сумата која била затаена).

Ел Мундо исто така вели дека дури и Роналдо да ја добие судската битка, тој ќе биде ослободен од криминалните обвиненија, но даночните власти и понатаму ќе го гонат и ќе бараат административна казна, која може да изнесува и до 30 милиони евра.