24фудбал

Погба се огласи по неверојатната изјава на Пеп Гвардиола (ФОТО)

Ѕвездата на Манчестер јунајтед се огласи на социјалните мрежи откако Пеп Гвардиола откри дека во јануари му била понудена можноста да го донесе Пол Погба во Манчестер Сити

Англија

Менаџерот на „Граѓаните“ денеска излезе со неверојатна изјава и откри дека Мино Рајола, со кого не е во добар однос, му го понудил Пол Погба пред два месеци.

Французинот веднаш се огласи на социјалните мрежи каде постираше слика на која се држи за уво и напиша: „Ај кажи уште еднаш?

Пол Погба во моментов ја одработува втората година од пет годишниот договор со „Црвените ѓаволи“, и тешко е за верување дека Манчестер јунајтед би помислил да го продаде играчот на лутиот градски ривал.