24фудбал

„А Швајни ме убедуваше дека сите ме знаат” – Хајнкес раскажа анегдота од средба со пар од Америка во лифт

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес раскажа интересна анегдота што денеска му се случила во лифт, и покрај тоа што е легенда на „Баварците“, тој не бил препознат и бил помешан со обичен навивач

Германија

Искусниот стратег во 2013 го предводеше Баерн Минхен до историски успех и прва тројна титула односно триумф во Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на Шампионите. Можеби е легенда на „Баварците“, но очигледно не е толку многу познат, или барем не во САД.

„Утрово во лифтот во мојот хотел, на петиот кат влезе постар пар. Господинот беше прилично тивок, но госпоѓата беше пријателски расположена и ми рече „добро утро“ па и јас и кажав „добро утро“. Со мене имав торба од Баерн Минхен, и таа ме праша, „леле, вие сте фан на Баерн Минхен?“. Јас само одговорив, „да, секако!“ - раскажа Јуп Хајнкес со насмевка на лицето на денешната средба со новинарите.

„Дефинитивно беа Американци. Швајни ме убедуваше дека сум познат во САД и ми велеше „шефе, сите те знаат таму“. Очигледно овие не ме познаваа.