24фудбал

Што им кажал Жозе Мурињо на играчите на полувреме за да следи неверојатен пресврт

„Црвените ѓаволи“ играа како препородени во вторите 45 минути на Етихад, постигнаа три гола за неверојатен пресврт, а за ова заслуга има коментарот на Жозе Мурињо на полувреме

Англија

Манчестер Сити имаше уникатна прилика со триумф над лутиот градски ривал да стигне до титулата во Премиерлигата.

И првите 45 минути на Етихад токму тоа го навестуваа. Со головите на Компани и Гундоган, „Граѓантие“ водеа со 2-0, но што беше уште поимпресивно, тие во целост го надиграа противникот и имаа убави прилики за уште неколку погодоци.

Сепак, Манчестер јунајтед заигра далеку подобро во вторите 45 минути, со два гола на Пол Погба за 120 секунди се врати во игра, а потоа следуваше ладен туш за домаќините и гол на Смолинг за пресврт и 2-3.

По крајот на мечот, дефанзивецот им откри на медиумите што им кажал Жозе Мурињо на полувремето.

„Не кажа многу, немаше потреба од тоа бидејќи самите знаевме дека бевме очајни. Тој само ни посочи дека не сакаме да бидеме кловновите кои стојат и гледаат како Манчестер Сити станува шампион, па истапивме во вториот дел – вели Смолинг.