24фудбал

Додека ние гледавме Лига на шампиони, Дени Илиев го однесе Арсенал во финале! (ВИДЕО)

Македонскиот голман, Дени Илиев е еден од хероите на Арсенал во полуфиналниот дуел со Виљареал во рамките од Премиерлига интернационалниот куп за фудбалери до 23 години.

Македонија

Во Англија се игра голем турнир за играчи до 23 години, „Премиерлига интернационален куп“ кој беше воведен пред неколку години а на кој учество земаат големите англиски и европски клубови.

Во денешното полуфинале Арсенал на пенали го победи Виљареал. Мечот во регуларниот дел беше 2-2 по што се премина на изведување на пенали. Првите три серии беа реализирани и од двете екипи, а потоа на сцена стапи македонскиот голман Дејан Илиев кој одбрани пенал кој се покажа за клучен. Македонецот го однесе Арсенал во финале.

До полуфиналето меѓудругите Арсенал го победи Порто кој е шампион од минатата сезона, а триумфираше и против Баерн Минхен.

Во второто полуфинале играат Њукасл и Порто, па португалскиот тим може повторно да се сретне со Арсенал, овој пат во финалето.