24фудбал

Салах реагираше по одлуката на Премиерлигата да му го препише контроверзниот гол на Кејн (ФОТО)

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах се огласи на социјалните мрежи откако Премиерлигата ја прифати желбата на Тотенхем и контроверзниот гол на дуелот со Стоук му го препиша на Хари Кејн

Англија

Фудбалската јавност на „Островото“ беше зачудена по одлуката на „Спарси“ да достават жалба со која бараат голот кој во прв момент му беше доделен на Ериксен да му се препише на Хари Кејн, а страстите дополнително се разбрануваа откако Премиерлигата одговори позитивно.

Попладнево следуваше нова бура реакции, а со свое видување се огласи и Мохамед Салах, кој е прв стрелец во најсилното првенство на Англија.

„Уооооу навистина?- гласеше кратката порака која сугерира дека и самиот Египјанец е изненаден од одлуката на Премиерлигата.