24фудбал

Буфон: Да свирнеш ваков пенал во 93. по ваков кам-бек не си човек...

Џиџи Буфон си ја отвори душата и упати остри критики на адреса на Мајкл Оливер, голманот не може да разбера како судијата досуди пенал за Реал Мадрид во 93. минута од мечот

Лига на Шампиони

„Бјанконерите“ загубија со 3-0 на првиот натпревар, но не се предадоа и вечерва на Сантијаго Бернабеу имаа водство од 3-0 и беа на триесетина секунди до продолженија, но напорната работа падна во вода откако Мајкл Оливер досуди пенал за стартот на Бенатија врз Вазкез.

„Ова не беше ни една десетина од пенал – вели Џиџи Буфон. „Знам дека судијата виде што виде, но се работеше за спорен момент. Па кога моментот е спорен, и не се работи за чиста ситуација, не можеш да свирнеш пенал во 93. минута.

„Имавме неверојатен камбек, и не ми е јасно како еден човек можеше да ни го уништи сонот на ваков начин, со сомнителна ситуација.

„За да досудите ваков пенал мората да имате канта за ѓубре во градите а не срце. Ако немате карактер да излезете на ваков терен, на ваков стадион, тогаш одете на трибина со сопругата, со децета, пијте сокче и грицкајте чипс

„Не можете да го унишите сонот на цел еден тим. Во тој момент можев да му кажам било што на судијата, но најважно е тој да го разбере степенот на катастрофата која ја направи. Доколку не можете да го издржите притисокот и да имате храброст да донесете одлука, тогаш најдобро е да седите на трибини.

„Среќен сум и горд за натпреварот кој го одигравме. Направивме нешто што изгледаше невозможно и нерално. Жално е само што заврши вака, не беше фер.