24фудбал

Нико Ковач ќе седне на клупата на Баерн Минхен?

Хрватот се споменува како главен фаворит за тренерското столче на германскиот гигант.

Германија

Одличниот хрватски стратег Нико Ковач кој со големи успеси го предводи тимот на Ајнтрахт Франкфурт во германската Бундеслига, се споменува како главен фаворит за клупата на тамошниот првак Баерн Минхен, пренесува „Билд“.

Ковач би требало да го замени искусниот Јуп Хајнкес, кој ги предводи Баварците актуелнава сезона, сепак, тимот од Минхен ќе мора да му исплати обештетување на Ајнтрахт Франкфурт, доколку е сериозен во оваа намера, а сумата изнесува 2,2 милиони евра.

Ајнтрахт Франкфурт по 29 одиграни кола во Бундеслигата се наоѓа на петтото место на табелата со 46 бода засега, со одлични шанси дури и да се избори за место во Лигата на шампионите за идната сезона.