24фудбал

Тренерот на Фиорентина го воодушеви фудбалскиот свет со неговата тетоважа (ФОТО)

Тагата по Давиде Астори не запира.

Италија

Се уште владее голема тага во Фиорентина и пошироко по смртта на капитенот на италијанскиот калчолигаш, Давиде Астори кој беше пронајден без знаци на живот во својата хотелска соба во пресрет на дуелот со Удинезе во Серија А.

Многумина се решија на разни начини да му оддадат почит на Астори, а неговиот соиграч Бираги ги истетовираше неговите иницијали и бројот на дресот кој го носеше „ДА13“, тоа го стори и тренерот на екипата, Стефано Пиоли.