24фудбал

Рома со убава порака до Салах: Ќе бидеме противници 180 минути, но пријатели засекогаш

Брзо по извлекувањето на ждрепката од Лигата на шампионите, Рома на својот твитер профил излезе со емотивна порака за нивниот поранешен играч, Мохамед Салах кој сега е главна ѕвезда на Ливерпул.

Лига на Шампиони

Салах минатото лето од Рома премина во Ливерпул каде има фантастични партии, токму тој ќе биде главната опасност за римската волчица во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Рома брзо по ждрепката на својот профил објави: „Ќе бидеме противници 180 минути, но што и да се случи ќе останеме пријатели засекогаш. Едвај чекаме да те видиме повторно“.