24фудбал

Зидан зачуден од лавината критики жестоко одговори: Љубоморни сте му на Реал Мадрид!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан жестоко одговори на големиот број критики кои пристигнаа на адреса на Реал Мадрид по пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите

Лига на Шампиони

„Кралевите“ се пласираа помеѓу четирите најдобри во најелитното европско натпреварување со контроверзен пенал во 93. минута, поради коj Џиџи Буфон доби и црвен картон.

По ваквиот расплет на настаните, на адреса на Реал Мадрид пристигнаа голем број на критики и обвинувања дека постојано добиваат помош од судиите. Многумина веруваат дека се случил грабеж на Сантијаго Бернабеу, па Зинедин Зидан сега жестоко одговори.

„Ме нервира тоа што луѓето велат дека се работело за грабеж. Можете да говорите за тоа дали имало пенали или не. Според мене, се работеше за чист пенал, за некои други немало пенал. Никој не може да ја промени историјата на Реал Мадрид без разлика што ќе биде кажано, а тоа е дека Реал е најголемиот клуб, и кога сте најголем, другите ви љубоморат“ - вели Французинот.