24фудбал

Гатузо со доста интересен коментар за реакцијата на Буфон до судијата Оливер

Интересен коментар на фудбалерот кој важи за доста темпераментна особа.

Италија

Се уште се зборува за пеналот кој Реал Мадрид го доби во завршницата од реваншот против Јувентус, откако со голот во самиот финиш на Роналдо, шпанскиот тим продолжи во полуфиналето.

Запрашан за тоа каков би бил коментарот негов за реакцијата на Џанлуиџи Буфон, голманот на Јувентус, кон англискиот арбитар Мајкл Оливер од средбата на Сантијаго Бернабеу, Џенаро Гатузо вели дека тој имал многу полоши реакции во однос на таа.

Мислам дека јас сум последната личност која може да зборува за начинот на кој реагираат другите“ рече тој.

Јас имав многу полоши реакции од таа, едноставно, немате претстава што би направиле во такви ситуации...“ додаде шефот на стручниот штаб на Милан.