24фудбал

Експлозија од радост на трибините: Нов гол на Симоновски во Романија, Македонецот во завршницата донесе победа за Сепси (ВИДЕО)

На македонскиот напаѓач му оди одлично во најсилниот романски шампионат.

Македонија

26 годишниот Марко Симоновски донесе триумф за својата екипа каде премина во јануарскиот преоден рок, Сепси, во дуелот на домашен терен против Газ Метан Медиаш во плеј-аут рундата во романскиот шампионат во битката за опстанок во елитното друштво.

Симоновски во 90. минута од средбата погоди за 2-1 и донесе исклучително важни три бода за Сепси кој со оваа победа се издвои на три бода предност во однос на позициите кои водат во понискиот ранг.


Ова беше втор гол за нашиот напаѓач по оној против Јувентус Букурешт во победата на Сепси од 0-2.