24фудбал

Елмас имал состанок со раководството на Фенер, бара да си оди од клубот

Големиот македонски талент, Елиф Елмас е незадоволен од својот статус во Фенербахче и по секоја цена сака да си замине од турскиот клуб.

Македонија

Убаво тргна кариерата на Елмас во Фенербахче, беше одличен на мечевите на кои доби шанса, имаше и асистенција, но тоа траеше многу кратко.

Потоа Елмас во дресот на младинскиот тим сосема непотребно направи жесток старт врз играч од Бешикташ по што го расипа односот со тренерот Ајкут Кочаман.

Македонскиот фудбалер ниту еднаш потоа не се најде во составот на Фенер, Елмас инсистира да замине од клубот и да отиде во место каде што ќе добие подобар третман.

Турските медиуми јавуваат дека Елмас имал состанок со тренерот и раководството на клубот и им ја истакнал својата желба дека сака да замине по секоја цена.

Се шпекулира дека Манчестер Сити е заинтересиран за Елиф, останува да видиме кој дрес ќе го носи Елмас наредната сезона.