24фудбал

Чудесната интервенција на Донарума во 92. минута со која го излуди „својот“ Наполи (ВИДЕО)

„Наполитанците“ полека го губат здивот во битката за Скудетото а за ова голема заслуга има Џиџо Донарума кој со чудесна интервенција во самиот финиш спречи Наполи да слави на Сан Сиро

Италија

Избраниците на Сари само со бод си заминаа од гостувањето кај Милан и направија нов чекор наназад во битката за титулата во Италија.

Наполи можеше да стигне до цел плен во 92. минута, Милик се најде осамен на пет метри, но Џиџо Донарума со чудесна интервенција ја сочува својата мрежа.

Голманот, кој е родум од околината на Неапол, потоа тргна да слави како да да гол, додека фудбалерите на Наполи не можеа да поверуваат како резултатот на семафорот се уште стои 0-0.