24фудбал

Коста влезе и ги разигра соиграчите, Јуве ја испрати Сампдорија со три гола (ВИДЕО)

„Старата Дама“ сигурно чекори кон ново Скудето откако вечерва пред своите фанови стигна до три бода со победа од 3-0 над Сампдорија

Англија

Јувентус не простува, по киксот на Наполи на гостувањето кај Милан, „Старата Дама“ беше сигурна на домашен терен со незгодната Сампдорија, која на првиот натпревар оваа сезона со 3-2 ги совлада „Бјанконерите“.

Најзаслужен за победата од 3-0 е Даглас Коста, кој забележа три асистенции откако влезе од клупата за резерви. Бразилецот доби шанса во 44. минута наместо повредениот Миралем Пјаниќ, веднаш направи разлика и испрати прецизен центаршут во 45. минута за Марио Манџукиќ од пет метри со волеј да бие под пречката за 1-0.

По еден час игра, Коста забележа нова асистенција, Бразилецот одлично го проигра осамениот Хеведес на втората статива за 2-0. Во 75. минута следеше ново шоу на Бразилецот, одлично продре по десната страна и потоа „на тацна“ му додаде на Кедира за 3-0.

Со оваа победа, Јувентус сега има +6 на врвот на табелата.