24фудбал

Мурињо со порака до фановите на Манчестер јунајтед откако Манчестер Сити стигна до титулата

„Црвените ѓаволи“ им ја подарија титулата на локалните гладски ривали на пет кола до крајот откако попладнево загубија на Олд Трафорд од последнопласираниот ВБА

Англија

Манчестер јунајтед минатото коло ја расипа шампионската прослава на Манчестер Сити откако со неверојатен кам-бек стигна до победа на Етихад од 2-3, иако по првите 45 минути губеше со 2-0 а можеше да прими и уште некој гол.

Но денеска речиси на исто толку спектакуларен начин „Гаволите“ им ја подарија титулата на „Граѓаните“ откако загубија на Олд Трафорд со 0-1 во дуелот со фенерџијата ВБА.

По крајот на мечот, Жозе Мурињо испрати порака до фановите, истакна дека тој останува правиот човек да го врати клубот на врвот и вели дека за ова е потребна конзистентност.

„Верувам во мојата работа. Нема причина зошто да не верувам. Осум титули се осум титули, три титули во Премиерлигата се три титули во Премиерлгата, и последната титула во Премиерлигата не беше пред 20 години туку пред три години. Знам како да победувам – вели „Специјалниот“.

„Верувам во моите способности, но јас не играм, разбирате? Секако дека ви е потребен квалитет за да освојувате титули, но од големо значење е и конзистентоста и тоа конзинстентност на секое ниво. Не само перформансите, туки и психолошката подготвеноста, секојдневната работа и однесување. Се мора да биде конзистентно, од прв до последен ден. Па мора да го подобриме токму ова.