24фудбал

Го нема Роналдо па Иско покажа каков мајстор за слободни удари е, Шпанецот на крајот се извинуваше (ВИДЕО)

Реал Мадрид има водство од 0-1 на гостувањето кај Малага благодарејќи на голот на Иско, кој прекрасно биеше од слободен удар

Шпанија

Кога Кристијно Роналдо е во тимот, ЦР7 е задолжен за слободните удари, но вечерва Португалецот не е во составот, па Иско доби шанса да покаже што знае и умее.

Во 29. минута од средбата на Ла Росаледа, Иско мајсторски биеше од 20 метри и донесе предност за Реал од 0-1.

Шпанецот потоа им се извини на домашните навивачи со оглед на тоа дека две години го носеше дресот на Малага.