24фудбал

Малага не беше никаков проблем за мешаниот состав на Зидан (ВИДЕО)

Реал Мадрид без неколку стандардни првотимци без многу мака триумфираше со 1-2 на Ла Росаледа со головите на Иско и Касемиро

Шпанија

Зинедин Зидан продолжи со стариот добар рецепт, Кристијано Роналдо доби одмор, а за гостувањето кај Малага поштедени беа и Герет Бејл, Лука Модриќ и Рафаел Варан. Тони Крос и Марсело останаа на клупата за резерви но и покрај тоа Реал немаше никакви проблеми кај фенерџијата.

Резултатот беше отворен во 29. минута, Иско од слободен удар биеше мајсторски за 0-1. На 0-2 зголеми Касемиро во 63. минута. Бразилецот најпрво го сопре нападот на домаќините, а потоа се најде во противничкиот шеснаесетник за да финишира една одлична акција на Бензема и Иско.

Во последните мигови од средбата, Малага само стигна до почесен гол преку Ролан.