24фудбал

ПСЖ без Нејмар и Мбапе го понижи Монако со 7-1 и стигна до титулата во Франција (ВИДЕО)

„Светците“ во голм стил стигнаа до насловот шампион на Франција откако со 7-1 го понижија бранителот на тронот Монако

Франција

Клубот од малото кнежевство минатата сезона приреди големо изненадување и го победи ПСЖ во битката за титулата, но „Парижаните“ сега покажа кој е кој во Франција.

Без Нејмар и Мбапе, двете големи летни засилувања вредни 400 милиони евра, „Светците“ вечерва во голем стил стигнаа до насловот шампион со триумф од 7-1 над Монако.

Дека гостите ќе бидат понижени стана јасно уште во воведниот дел кога во период од пет минути избраниците на Емери погодија три пати. Ло Селсо го отвори резултатот во 15. минута, Кавани зголеми на 2-0, а Ди Марија погодои за 3-0 во 20. минута..

Ло Селсо потоа по втор пат се запиша во листата на стрелците за 4-0, а пред крајот на полувремето, Лопес реализираше за Монако.

Во продолжението од мечот, Ди Марија зголеми на 5-0, Фалкао си постигна автогол а конечниот резултат беше дело на Дракслер во 86. минута.