24фудбал

Нејмар откри каков совет добил од Меси по кој почнал да блеска во Барса

Ѕвездата на ПСЖ на бразилската јавност и откри каков совет добил од Лео Меси на почетокот од кариерата во Барселона по кој почнал да блеска во дресот на „Каталонците“

Шпанија

Бразилецот, кој во 2013 година се пресели на Камп Ноу, за емисијата Алтас Хорас објасни дека првите месеци од авантурата во Барселона му биле прилично тешки, но благодарејќи на советите од Лео Меси, тој почнал да покажува што умее.

„Паметам еден натпревар со Барса на почетокот од кариерата, за малку ќе заплачев бидејќи ништо не ми одеше од рака – вели Нејмар.

„На полувреме, Меси ми пријде и ми кажа дека треба само да бидам играчот кој бев претходно. Ме посоветува и ми порача: „Биди тој што си. Не се плаши од тоа што играш покрај мене или Иниеста“. Па кога видов колку тој е присебен и покрај тоа што има освоено се и е најдобар во свеетот, и како без грам самобендисаност бара од мене да бидам оној кој што сум и да го прикажам најдоброто, тоа ме направи многу среќен.

„Оваа приказна ја раскажувам постојано на моето семејство и на пријателите. Меси ми помогна многу, не само професионално туку и лично. Можеби звучни чудно, но ве фаќа страв кога играта со ѕвезди како Меси, Иниеста и Чави.

„Но по разговорот со Меси бев релаксиран, играв со самодоверба и покажав што умеам. Од тој ден па наваму, со Меси сме големи пријатели.