Артуро Видал практично е отпишан од двомечот со Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите откако мора да оди на операција за санирање на повредата на коленото
Категорија: Лига на Шампиони 16.04.2018 12:42 Прочитано: 1313 пати
Чилеанецот бурно ја прокоментира ждрепката во Нион која го спои Баерн Минхен со Реал Мадрид во реприза на четвртфиналето од минатата сезона.
Артуро Видал беше трагичар тогаш, промаши пенал на првито натпревар и доби црвен на реваншот, а Реал со помош на судиите го продолжија настапот. Па фудбалерот се надеваше на одмазда и на Твитер напиша: „А сега еб*ње“.
Но тој практично е отпишан од новата пресметка помеѓу старите ривали откако вчера го повреди коленото на тренинг а МРИ снимките покажале дека мора да оди „под нож“.
„Видал ќе биде опериран па ќе паузира одреден период. Артуро е борец, ќе стори сè за што поскоро да се врати на терените” – вели тренерот Јуп Хајнкес.
Но медиумите не се толку големи оптимисти како искусниот стратег. Според Спорт1, Артуро Видал дефинитивно отпаѓа од коминација за двомечот со Реал Мадрид, а под занк прашалник е и неговиот настап за финишот на сезоната односно финалето во Купот на Германија и евентуалното финале од Лигата на шампионите.