24фудбал

Инсиње во најновата епизода: Повторно ме истролавте... (ВИДЕО)

Офанзивецот на Наполи повторно се најде во непријатна ситуација, но неговата реакција беше предобра.

Италија

Наполи одигра реми без голови на гостувањето кај Милан во редовното коло од италијанската Серија А, а повторно во една доста комична ситуација се најде Лоренцо Инсиње.

Познато е тоа дека многумина не верувале во неговиот раскошен талент најмногу поради висината со која не може баш да се пофали, па постојано се пошегуваат на негова сметка и му ги препуштаат највисоките придружници-дечиња до центарот од теренот пред секој натпревар.

Така беше и на мечот во Милано, а неговата реакција беше во стилот: „Повторно ми го направивте ова...“, со насмевка на лицето...