24фудбал

Пораката на Батшуаи на социјалните мрежи која отвори голема дилема

Белгиски новинар уверува дека напаѓачот би бил подготвен за Мундијалот.

Германија

Борусија Дортмунд загуби на гостувањето кај Шалке 04 во дербито на германската Бундеслига викендов, а остана и без својот најдобар фудбалер.

Мичу Батшуаи, кој во тимот од Дортмунд настапува како позајмен од редовите на Челси, се здоби со повреда на лигаментте за време на мечот во Гелзенкирхен.

Според информациите, Јрустив Терер, инаку фудбалски новинар од Белгија, за тамошниот напаѓач пренесе дека Батшуаи ќе биде подготвен за Мундијалот кој претстојното лето ќе се одгржи во Русија.

Се чини дека сезоната за Батшуаи е веќе завршена, тој истото го напиша и на социјалните мрежи, а од објавата се постави прашањето дали тоа беше последниот меч за него во дресот на Милионерите, откако во јуни исткеува неговата позајмица, а има важечки договор со англискиот тим до 2021. година.

Вестите за мене не се баш добри, барем не во моментов, мојата сезона веројатно е готова, и нема да можам да помогнам на Борусија Дортмунд. Ви се заблагодарувам на сите за неверојатниот начин на љубов кој го добив по повредата, им посакувам на моите соиграчи успех во последните денови“ напиша тој.